Top Sport

Барселона подготвува нов договор за Меси

Барселона е отворена за преговори со Лионел Меси околу новиот договор, потврдил претседателот на клубот, Џосеп Марија Бартомеу.

На „Ноу Камп“, имаат намера да му понудат нов договор на Аргентинецот, иако тој во 2017 година ја продолжи соработката до јуни 2021 година.

Меси има 31 година, за Барселона дебитираше во октомври 2004 година. Оваа сезона во Ла лига има постигнато 32 гола и уште десет во Купот на Кралот и Лигата на шампионите.

„Сакаме да има долга кариера, во која ќе ужива. Меси ги сруши сите граници. Сите му се восхитуваат, дури и навивачите на противничките тимови му ракоплескаат на потезите и головите“ , изјавил Бартомеу за „ЕСПН“ и дополнил.

„Планот е да му го продолжиме договорот. Меси е млад, погледнете само како игра, тој се уште напредува. Верувам дека пред него има уште многу успешни години“.

Бартомеу рекол дека во наредните неколку месеци ќе започнат преговорите околу новиот договор, што треба да го задржи Меси до крајот на кариерата во Барселона.

Scroll to Top