Враќањето на Зинедин Зидан во Реал донесе и смена на голот, Тибо Куртоа му го отстапи местото на Кејлор Навас. Не е тајна дека Зидан има високо мислење за Навас, кој беше еден клучните играчи во освојувањето на трите трофеи во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми лансираа интересна приказна дека Куртоа по само една сезона ќе се врати во Премиер лигата и тоа во Манчестер Јунајтед, каде би го наследил Давид Де Хеа за кого се претпоставува дека ќе замине во ПСЖ.
Колку и да е интересна оваа теорија, уште поинтересна е онаа на шпанските медиумите, дека Навас брани бидејќи Реал имаат намера да му ја кренат цената. Зидан веќе го известил Куртоа дека нема да брани до крајот на сезоната, но и дека ќе остане во клубот, а од „Санијаго Бернебеу“ летово ќе замине Костариканецот.
Доколку оваа теорија е точна тогаш наредната сезона резерва на Куртоа ќе му биде синот на тренерот, Лука Зидан.