Зинден Зидан реагирал на изјавата на прославениот тренер Радомир Антиќ. Српскиот тренер во изјава за шпанскиот „Гол“, рекол дека Лука Модриќ не ја заслужил „Златната топка“.
Антиќ пред два дена рекол дека е „апсурдно е што досега ниту еден од трите големи шпански клуба не размислувал да го потпише најдобриот организатор на играта во целиот свет, Кевин Де Брујне. Од кога е Модриќ најдобриот? Неговиот избор за најдобар играч во светот нема никаква логика. Тој не асистира, не постигнува голови. Играчи како Де Брујне ги прават подобри своите соиграчи“.
Радомир Антиќ во кариерата ги тренирал трите најголеми шпански клуба Реал, Барселона и Атлетико. Со Атлетико во сезоната 1995/1996 ја освои двојната круна во Шпанија.
Модриќ минатата година со Реал ја освои титулата во Лигата на шампионите, а Хрватска ја предводеше до финалето на Светското првенство.
„Лука заслужи да стави крај на ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Луѓето можат да зборуваат што сакаат. Ги жалам луѓето што размислуваат на тој начин. Лука ја заслужи „Златната топка“, со својата вештина и својот став. Жалам, доколку некој има поинакво мислење“, рекол Зидан.