Top Sport

Баерн го „прегази“ Аугзбург и отвори разлика од шест поени (видео)

Баерн Минхен под Јуп Хајнкес е незапирлива машина во Бундеслигата. Роберт Левандовски и Артуро Видал блеснаа за „Баварците“ да стигнат до лесна 3:0 победа над Аугзбург и заедно со ремито на Лајпциг на гости кај Баер Леверкузен да направат разлика од шест поени на врвот по 12 одиграни кола.

Видал по една мешаница пред голот на Аугзбург во 31. минута ги донесе Баварците во водство, за седум минути подоцна да му асистира на Левандовски за убедливи 2:0 на полувреме. Левандовски, кој неодамна побара повеќе напаѓачи во тимот, во 49. минута стави точка за нова убедлива победа на „Алијанц арената“.

Лајпциг пак, не успеа да го совлада десетчлениот тим на Баер Леверкузен, откако двапати водеше со гол од пенал, но на крајот мораше да се задоволи со 2:2. Вчера Борусија Дортмунд доживеа нов пораз, со што остана на третото место на табелата.

БУНДЕСЛИГА, 12.КОЛО

Баер Леверкузен – РБ Лајпциг 2:2

Баерн Минхен – Аугзбург 3:0

Хофенхајм – Ајнтрахт Франкфурт 0:1

Мајнц – Келн 1:0

Волфсбург – Фрајбург 3:1

Scroll to Top