Англичаните изминатите недели ги избираат најдобрите во историјата на Премиер лигата. Откако, навивачите гласаа и ги избраа најдобрите 100 што играле во Премиер лигата, по ист пат е избран и најдобриот тим.
Според гласовите на навивачите, идеалниот тим го предводи сер Алекс Фергусон, а најмногу играчи, седум, има од Манчестер Јунајтед. Тимот го пополнија двајца од Арсенал и по еден играч од Ливерпул и Челси.
Најдобриот тим во историјата на Премиер лигата, во формација 4-4-2 изгледа вака.
Голман: Питер Шмајхел
Одбрана: Гери Невил, Џон Тери, Тони Адамс, Патрис Евра
Среден ред: Пол Сколс, Стивен Џерар, Рајан Гигс, Дејвид Бекам
Напад: Ерик Кантона, Тиери Анри