Фудбалерите на Дижон приредија изненадување со победата во Лион 3:1. Дижон ги задржа шансите за опстанок во лигата, додека Лион се оддалечи од второто место што води директно во Лигата на шампионите.
Мечот започна добро за Лион, во првиот напад гол постигна Терие, но потоа следуваше тотален колапс за домаќинот.
Саид со два гола направи пресврт во првиот дел, а триумфот на Дижон го потврди Рафаел со авто-гол. Лион имаше свои шанси и во првиот и во вториот дел но не искористи ниту една.
Мечот ќе се памети и по реакцијата на домашната публика. Разочарани од играта на Лион тие во финишот гласно навиваа за противникот.