Манчестер сити, Ливерпул и Челси не оставија ништо на случајноста, стигнувајќи до убедливи победи за да ја одржат „пат-позицијата“ на врвот на табелата, каде што Сити останува убедлив лидер.
Фантастичните голови на Габриел Жесус на крајот на првото полувреме, и на Кевин де Бројне на почетокот на второто беа доволни тимот на Пеп Гвардиола да стигне до 11-тата победа во 12 меча од Премиер лигата и сега да има 9 поени предност пред Челси, кој го торпедираше ВБА со 0:4, и дури 11 пред Манчестер јунајтед, кои од 18.30 часот играат со Њукасл.
Иако пред мечот, Гвардиола зборуваше за внимателност против „незгодните“ Лестер (кај кои лани добија 4:2 пораз), овојпат „Сините“ имаа над 70 отсто посед на топката, доминирајќи во секој сегмент на фудбалската игра.
Челси со два гола на Еден Азар и со по еден гол на Алваро Мората и Маркос Алонсо, беше убедлив на гостувањето во Бирмингем кај Вест Бромвич Албион, за тимот на Антонио Конте да ја врати самодовербата и да покаже дека уште е во игра за титулата.
И Ливерпул беа убедливи со штотоку излезениот од болница, Јирген Клоп на клупата, стигнувајќи до рутинска победа од 3:0 над Саутемптон благодарение на двојниот стрелец Мохамед Салах (кој сега има 9 гола оваа сезона), а во 68. минута, Филип Кутињо постигна уште еден гол.
Бурнемаут – Хадерсфилд 4:0
Барнли – Свонси 2:0
Кристал Палас – Евертон 2:2
Лестер – Манчестер сити 0:2
Ливерпул – Саутемптон 3:0
ВБА – Челси 0:4