Луис Суарез како да одговори на критиките на јавноста за слабата форма, предводејќи ја Барселона до победа од 0:3 над Леганес, тимот од предградието на Мадрид.
Суарез првиот гол го постигна во 28. минута користејќи ја лошата интервенција на голманот на домаќините, за во 60. минута по одлична акција да постигне атрактивен гол. Засилувањето на Барса во нападот, Паулињо во 90. минута стави крај на мечот.
Со оваа победа (11-та во 12 мечеви во Ла лига), Барселона има седум поени предност пред Валенсија (со натпревар помалку) и дури 11 пред Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, кои вечерва го играат големото дерби на „Ванда Метрополитано“.