Top Sport

Мекгрегор претепал човек во Даблин

Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор, минатата недела беше во центарот на вниманието со навредливите пораки кон сопругата на неговиот голем ривал Хабиб Нурмагомедов, потоа и со објавата дека нема да се пензионира, а синоќа бил вмешан во тепачка во Даблин.

Мекгрегор, не може без да предизвика скандал. Во Даблин само покажал колку е незгоден неговиот темперамент.

Локалните медиуми објавија дека тој предизвикал тепачка во еден бар, каде бил со своите пријатели.

Наводно, тој нокаутирал еден од гостите, откако претходно имал вербална расправија со него.

По инцидентот тој го напуштил местото, а човекот решил да ја повика полицијата и да го пријави Мекгрегор. Полицијата покренала истрага за настанот.

Scroll to Top