Портпаролот на Лацио, Артуро Дјаканоле тврди дека постои „заговор“ против нивниот клуб и тоа предводен од „другиот клуб од престолнината“, односно Рома.
Ова доаѓа откако во неделата Лацио одигра 2:2 со Сасуоло, а дел од италијанските медиуми тврдеа дека пеналот кој бил досуден за „Аквиле“ едноставно бил непостоечки, предизвикувајќи го Дјаканоле да влезе во тирада против „заговорот“ против неговиот клуб.
„Да се каже дека вчерашниот пенал го немаше е само шпекулација. Мораме да прифатиме дека има одреден однос од големите весници, тие со седиште во северна Италија, кои имаат интерес да го претстават Лацио во лошо светло. ВАР не казнија многу пати оваа сезона, како пеналот во мечот против СПАЛ кој ќе влезе во историјата. Сакаат да го направат патот на Лацио тежок пред двата дуели со Милан во лигата и во Копа Италија. Медиумите креираат психоза против Лацио и за жал имаме печат кој е под влијание на другиот клуб од престолнината“, изјави лутиот Дјаканоле.