Двократната гренд слем шампионка, Русинката Светлана Кузнецова се намачи, но стигна до 3:6/6:2/7:6(6) победа над шестата носителка Екатерина Александрова во првото коло на Самсунг опен во Лугано, Швајцарија, во нејзиниот прв меч по седум месеци пауза.
33-годишната Кузнецова, која го освои Ролан Гарос во 2009, а сега е на 109. место на ВТА-листата, имаше повреда на коленото и мораше да добие вајлд-карта за настап на малиот турнир во Швајцарија.
Покрај кам-бекот на Кузнецова, турнирот во Лугано ќе биде да за одбележување и по ВТА-дебито на најдоброрангираната јуниорка Клара Таусон. 16-годишната Данка го освои трофејот од Австралија опен во јуниорска категорија во јануари и освои три ИТФ титули во низа во март. Таа е 413. на ВТА листата.
The first match and win of 2019 is in the books for @SvetlanaK27 ?
She claims the match over Alexandrova, 3-6, 6-2, 7-6(6).#SamsungOpen pic.twitter.com/cQn3kuediO— WTA (@WTA) April 8, 2019