Top Sport

Аргентинскиот селектор повреден во сообраќајна несреќа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, утрово бил повреден во сообраќајна несреќа.

Како што објавија шпанските медуми, на Балеарските острови, 40-годишникот возел велосипед кога во него удрил автомобил. Несреќата се случила на училишен паркинг.

Скалони веднаш бил хоспитализиран, а „Мундо Депортиво“ демантира дека се наоѓал во тешка состојба. Каталонскиот весник повикувајќи се на извори од болницата пишува дека неговите повреди биле „со благ и умерен интензитет“.

Лионел Скалони е именуван за селектор на Аргентина по завршувањето на СП во Русија. Тој на функцијата го наследи Хорхе Сампаоли. Во јуни, Аргентина ќе настапи на Копа Америка.

Инаку, Скалони е член на шампионската генерација на Депортиво Ла Коруња, од сезоната 1999/2000.

Scroll to Top