Струмичката екипа на Академија Пандев се избори за учество во првото фудбалско Куп финале на Македонија. Противник на струмичани во финалниот меч ќе им биде Македонија ЃП. За нив ова ќе биде трето Куп финале.
Академија Пандев беше подобра од прилепска Победа во полуфиналната пресметка, додека скопскиот прволигаш го помина во полуфиналето вториот струмички тим во првата лига, Беласица.
Академија Пандев триумфираше со 3-1 против Победа на гостувањето во Кавадарци.
Македонија ЃП попладнево на домашен терен славеше со 1-0 против Беласица.
Финалниот натпревар ќе се игра во мај, а терминот дополнително ќе биде одреден.