Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис вели дека доколку неговиот клуб го имаше приходот на еден англиски или шпански клуб, ќе беше шампион секоја година и ќе го „здробеше Јувентус без милост“.
Јувентус се пред осмата титула едноподруго на рекордни шест кола пред крајот, бидејќи им е потребен само поен против СПАЛ овој викенд.
„Тоа е проблем на приходите. Да ги имав приходите на англиски и шпански клуб, ќе победував секоја година. Нема сомнеж дека фудбалер како Кристијано Роналдо прави разлика, но луѓето мораат да сфатат дека за нас ова е преодна година. Имаме нов тренер со поинаков систем од претходно и треба да му дадеме време на Карло Анчелоти да ги тестира сите фудбалери. Нашите фанови се разумни, бидејќи имаат срце и би сакале да ги здробиме Јуве без милост, но ќе го направиме тоа, порано или подоцна. Анчелоти го сака Наполи и сака да остане осум години и да биде како Сер Алекс Фергусон“, објаснува Де Лаурентис.