Top Sport

Лајпциг блиску до ЛШ, Штутгарт во тешка позиција (Видео)

Две победи забележаа гостите во четирите одиграни натпревари, од 29 коло во Бундес лигата. Борусија Менхенгладбах и Леверкузен победија како гости и освоија важни бодови во борба за европските купови.

Лајпциг без поголеми проблеми, со головите на Кампл во 16 и Вернер во 28 минута ги освоија бодовите против Волфсбург. Лајпциг се зацврстија на третата позиција во лигата со 58 бода. Многу веројатно Лајпциг наредната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Леверкузен победија кај Штутгарт и стигнаа на бод од зоната која гарантира настап во Лига Европа, додека Штутгарт се на 16 место, со четири бода помалку од безбедната зона. Мечот го реши Хаверц со голот во 64 минута.

Минимален триумф на гостински терен забележаа фудбалерите на Борусија Менхенгладбах против Хановер. Единствениот гол во второто полувреме го постигна Рафаел.

Вердер во финишот го решија мечот против Фрајбург. Во 77 и 85 минута по еден гол постигнаа Класен и Гебре Селасие.

Scroll to Top