Top Sport

Автогол на сезоната: Вака не може да погоди ниту Меси (Видео)

Десниот бек на Витесе, Фанкати Дабо, го обележа 12.коло во фудбалскиот шампионат на Холандија. Дабо во поразот на неговиот тим кај Гронинген (4:2) постигна спектакуларен автогол.

Деснот бек во 59.минута од 30-тина метри реши да ја врти топката кон својот голман, не успеа во својата намера бидејќи ја погоди сопствентата мрежа. Дефинитивно автогол на сезоната и еден од најубавите постигнати во последните неколку сезони.

Интересно до автоголот на Дабо, Витесе имаше предност 0:1, но по тој потег Гронинген победи 4:2.

Scroll to Top