Флојд Мејведер Јуниор никогаш не се срамел да го покаже своето богатство, така што не изненадува што на НБА плејоф мечот помеѓу Лос Анџелес клиперс и Голден стејт вориорс се појави со 11 килограми злато на него.
Боксерскиот крал (50-0 скор), носеше четири различни „ланци“ со злато и седеше на најдоброто место при 132:105 победата на Вориорс, со која тие поведоа со 2:1 во дуелот од првото коло.
Како „бонус“, тука беше часовникот на „Ришар Мије“ од околу 500.000 долари, но и „Најк ер макс 90с“ од 150 долари.