Белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку кој е член на Манчестер Јунајтед на лето речиси сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“. Како што пренесуваат британските медиуми, три екипи се најзагреани за голгетерот, ПСЖ, Интер и Баерн Минхен.
Лукаку летото во 2017 година дојде во Јунајтед од Евертон за 75 милиони фунти во трампата со која Вејн Руни се врати во матичниот клуб.
Во периодот додека на клупата на „ѓаволите“ беше Мурињо, Белгиецот беше еден од поблиставите играчи во тимот, но по доаѓањето на Солскјер, тој е во втор план.
Освен Лукаку, Јунајтед размислува на пародажба да ги стави и Андре Ерера, Матео Дармијан, Антонио Валенсија и Маркос Рохо.