Новиот фудбалер на Барселона, Артур Мело вели дека уште не му се верува дека игра за каталонскиот гигант и открива дека на „Ноу Камп“ имал пријатно искуство своите соиграчи, откривајќи некои необични детали.
„Жерард Пике е многу згоден. Тој е висок со прекрасно лице и секогаш изгледа како да е младоженец на свадба. Од друга страна, тој е вистински лик и секогаш се шегува“, вели Артур во интервју за бразилскиот весник „Але оливеира“.
Лео Меси, човекот кој е навикнат да добива пофалби за фудбалските квалитети, сега добива и поинаков комплимент.
„Меси е чудесен и надвор од теренот. Тој е лидер во соблекувалната, чита фудбал како нико друг и е екстремно интелигентен. Зборува со сите многу и понекогаш морам да се потсетам, па ова е Лео Меси. Не очекував дека ќе играм многу оваа сезона“, вели Артур.