Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс покажа дека покрај тоа што е еден од најдобрите напаѓачи во европските лиги, исто така е еден од нај-фер играчите.
Во последниот меч од 33. коло, Наполи игра со Аталанта и додека беше во една изгледна шанса имаше блиска средба со голманот на гостите, Пјерлуиџи Голини, и наместо како обично да бара пенал, тој му покажа на судијата дека немало контакт.