Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, синоќа против Манчестер сити, на теренот мина 12 минути и оствари еден допир со топката. Сити победија на „Олд Трафорд“ со 2:0, направија голем чекор кон одбрана на титулата и во исто време ја продолжија кризата на Јунјатед.
Чилеанецот, во 178 дерби на Манчестер, доби можност да влезе на теренот во 83 минута кога влезе на местото на Матео Дармијан.
Вкупно играше 12 минути, имаше еден допир со топката, кога успешно го проиграл соиграчот. Поразителна статистика за фудбалер кој неделно заработува речиси 600.000 евра.
Алексис Санчез има интересна клаузула во договорот со Манчестер Јунајтед, тој за секој одигран натпревар во Премиер лигата е побогат за 75.000 фунти (87.000 евра).
Alexis Sanchez came on for a total of 12 minutes tonight.
This is his touch map…#ManchesterDerby #MUNMCI pic.twitter.com/yHyyaunyQK
— Match of the Day (@BBCMOTD) April 24, 2019