Џенаро Гатузо ги брои последните денови на клупата на фудбалскиот клуб Милан. Поранешниот играч од шампионската генерација на овој клуб не ги импресионирал сопствениците со својата работа, поради што тие веќе ја бараат неговата замена.
Извршниот директор Иван Газдис имал неколку опции, а според медиумите двајца тренери што работат во Англија имале најголеми шанси да седнат на клупата на Милан. Станува збор за Унаи Емери од Арсенал и Маурицио Сари од Челси.
Газдис повеќе го сака Емери како иден тренер, но во реалноста поблиску до таа функција е Сари на кого му се заканува отказ во Челси. Опција за Милан бил и Антонио Конте, но клубот не може да ги исполни неговите финансиски барања.
Гатузо го презеде Милан во ноември 2017 година и досега го водел тимот на 77 натпревари. Не може да се пофали со големи резултати забележал 36 победи, 22 пати играл нерешено, а бил поразен 19 пати.
Милан синоќа не успеа да се пласира во финалето, во Купот на Италија, а до крајот на сезоната ќе води голема борба за четвртата позиција.