Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, бил незадоволен од критериумот што го имале судиите во четвртиот меч од четврт-финалната серија со Барселона.
Барселона, синоќа успеа да победи 82:72 и се избори за мајсторка против Анадолу Ефес. Победникот ќе избори пласман на завршниот турнир во Евролигата.
„Голден стејт Вориорс не би можеле да победат тука. Ние во Турција ќе играме кошарка, како и секогаш. Среќен сум што никој не се повреди. Не би сакал да разговарам за судењето“, рекол Атаман.
Инаку, пласман на завршниот турнир во Евролигата веќе обезбедија Фенербахче, Реал Мадрид и ЦСКА Москва. Победникот од пресметката помеѓу Ефес и Барселона, во полу-финалето, ќе игра против Фенербахче.