Top Sport

Крај на шампионските сништа, Шалке победи во Дортмунд (Видео)

Дербито на Рур, едно од најголемите во германскиот фудбал, донесе изненадувачка победа на Шелке во Дортмунд 4:2. Со овој триумф Шалке теоретски си го обезбедија опстанокот и многу веројатно го решија прашањето околу шампионот во Бундес лигата.

Дербито започна онака како што посакаа домашните фанови, Геце постигна гол во 14 минута за водство на Дортмунд. Четири минути подоцна од пенал израмни Калиџури. Целосен пресврт Шалке направија во 28 минута со голот на Сане.

Второто полувреме беше кошмар за Дортмунд, директни црвени картони добија Ројс и Волф, Калиџури постигна гол од слободен удар за 1:3, Витсел намали во 84 минута, а Швајцарецот Емболо потоа ги постиви конечните 2:4.

Резултати:

Аугсбург-Баер Леверкузен 1:4
Дортмунд-Шалке 2:4
Ајнтрахт-Херта 0:0
Фортуна-Вердер 4:1
Хановер-Мајнц 1:0
Лајпциг-Фрајбург 2:1

Scroll to Top