Фудбалерите на Рома конечно забележаа лесна победа. Во 34 коло, на „Олимпико“ тие го совладаа Калјари со 3:0. Со оваа победа Рома ги прескокна Аталанта и Милан на четвртото место, овие два тима имаат натпревар помалку од римјаните.
Рома ја најави победата во првите десет минути кога беа постиганти два гола. Првиот гол го постигна Федерико Фацио во петтата минута. Три минути подоцна Џастин Клајверт му асистираше на Пасторе.
До 86 минута шанси за Рома пропуштаа Флоренци, два пати Пасторе, Пелегрини и Џеко. Конечните 3:0 ги постави Коларов.