Судискиот принц Мохамед бин Салман се откажува од желбата да го купи Манчестер јунајтед за да се натпреварува со Манчестер сити во сопственост на кралското семејство на Абу Даби, и наместо тоа, семејството Глејзер ќе се вмеша во водењето на клубот по низата слаби резултати, јавува „Сан“.
Ави и Џоел Глејзер, двајцата браќа и членови на династијата од САД, планираат повеќе да се мешат во работата на клубот, бидејќи чувството е дека извршниот потпретседател Ед Вудвард е најодговорниот за слабата форма на „Олд Трафорд“.
Саудијците не се подготвено целосно да се откажат од Јунајтед, но засега се подготвени својот фокус да го префрлат на други потенцијални мети. Претставниците на Бин Салман на 24 февруари е сретнале со менаџерот Пини Захави, кој требаше да им помогне да го добијат Манчестер јунајтед, откако Израелецот беше човекот кој помогна во преземањето на Челси од страна на Роман Абрамович во 2003 година.