Top Sport

Каков татко, таков син! Синот на Суарез „гризеше“!

Шестмесечниот син на Луис Суарез, Лаутаро очигледно ги следи стапките на својот славен татко – при прославата на 26. титула на Барселона во саботата невечер го „гризеше“ неговиот татко на рамото.

32-годишниот Суарез, покрај својот квалитет како напаѓач, во својата кариера остана познат и по инцидентите на гризење на противиците. Уругваецот за време на СП во 2014 година, во дуел со италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини го гризна противникот, за што потоа доби четиримесечна суспензија.

Ова не беше првпат да се случи тоа. Во 2010, како фудбалер на Ајакс, тој го гризна Отман Бакал од ПСВ и доби суспензија од два меча, а три години подоцна го направи истото додека играше за Ливерпул во дуел со Бранислав Ивановиќ од Челси.

Scroll to Top