Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Беркускони, утрово бил хоспитализиран поради здравствени проблеми.
Берлускони (82) бил префрлен во болницата во Сан Рафаело во Милано, поради проблеми со бубрезите. Од болницата се огласиле дека Берлускони е во стабилна состојба и дека нема опасност по неговото здравје.
Пред три години, Берлускони, имал операција на срцето.
Инаку, од лани, Берлускони е сопственик на Монца, во италијанската Серија Ц.