Top Sport

Капитенот на Аталанта има „златна плоча“! (видео)

Песната за капитенот на италијанскиот прволигаш Аталанта, Алехандро „Папу“ Гомез стана вистински хит во Италија и тој официјално доби „златна плоча“ за 10.000 продадени копии.

Папу има навика да танцува по постигнувањето на головите, нешто што ги воодушевува фановите на Аталанта, и дел од нив решија да напишат заразна песна за аргентинскиот напаѓач.

„Баила комо ел Папу“, или „Танцувај како Папу“ има над 30 милиони прегледи на Јутјуб, а со мала помош на Диџеј Матрикс и триото комичари „Љу аутогол“, песната се продаде во над 10.000 копии, а сите средства одат кај фудбалската академија која работи со деца со пречки во развојот.

„Можеби никогаш нема да добијам ‘Златна топка’, но барем имам ‘златна плоча’“, напиша Папу.

Scroll to Top