Top Sport

Ериксен искрен: Првите 20 минути само ја гледавме топката (видео)

Еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем, Данецот Кристијан Ериксен признава дека неговиот клуб едноставно потфрлил при 0:1 поразот од Ајакс по кој пласманот во финалето на Лигата на шампионите стана екстремно тежок – Тотенхем ќе мора да победи на гости во Амстердам.

„Не игравме најдобро. Првите 20 минути само ја гледавме топката. Против тим кој сака да игра со посед на топка, тоа беше кобно. Мораме да се смениме многу пред следниот натпревар, бидејќи ги направивме да изгледаат подобри отколку што се. Секако, се работи за добар тим, но ние им помогнавме овој меч и им дадовме шанса да го контролираат мечот. Не е важно каков беше системот, важно до секоја топка бевме само втори. Тоа е далеку под нашите можности. Среќни сме што ја погодија стативата, бидејќи со 2:0 ќе беше многу поинаку следната недела“, признава Ериксен.

Scroll to Top