Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, жали шти не добил повеќе време и доверба од клупските челници за да ја спроведе својата визија во клубот од „Олд Трафорд“.
Мурињо, во декември минатата година, доби отказ во Манчестер Јунајтед. Додека не најде нов ангажман тој работи за неколку телевизии како стручен коментатор.
Во текот на полу-финалниот натпревар помеѓу Барселона и Ливерпул, тој констатирал дека челниците на Манчестер сити и Ливерпул имаат голема доверба во своите менаџер Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.
„Би сакал да бидам во клуб што дава услови какви што имаат Јирген и Пеп. Погледнете го тимот на Ливерпул што стартуваше против Барселона, колку играчи беа во клубот кога дојде Јирген? Само неколкумина. Пеп не беше задоволен со бековите кога дојде во Сити и наредното лето купи неколку играчи на таа позиција што се според неговиот вкус“, рекол Мурињо.
„Го купи Клаудио Браво, но не беше задоволен и потоа го донесе Едерсон. Откако е во Ливерпул Кирген нема освоено ништо, но и понатаму веруваат во него. И понатаму има услови да напредува и да ја продолжи работата. Веројатно оваа година ќе ја има шансата да освои голем трофеј по прв пат. Кога ќе преговарам за мојата следна работа ќе сакам да знам што точно клубот сака и колку може да вложи за да ги оствари целите“, заклучил Португалецот.