Top Sport

Ван Дајк зз Меси: Среќа не играм во Шпанија

Најдобриот играч во Премиер лигата оваа сезона, Вирџил Ван Дајк, признава дека тој и неговите соиграчи биле немоќни пред Лионел Меси. Барселона, со двата гола на Аргентинецот, ги порази Ливерпул 3:0 и стекна голема предност пред полу-финалниот реванш што ќе се одигра на „Енфилд“.

Ван Дајк, најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, по натпреварот рекол дека никој не може да го запре Меси.

„Кога играте против Меси, а тој е во своето најдобро издание, тогаш едноставно не можете да направите ништо. Драго ми е што не играм во Шпанија и што не морам против него да играм секоја сезона“, рекол Ван Дајк и дополнил дека нема подобар од Аргентинецот.

„Фантастичен е. Без дилема најдобар играч во светот. Има нешто екстра во неговата игра, тоа го покажува со години наназад“.

Scroll to Top