Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека неговиот тим ќе мора да игра како Лионел Меси во вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите на гости кај Ајакс во Амстердам.
Ајакс го чека вториот меч со 1:0 предност од Лондон, и Почетино вели дека Тотенхем треба да биде инспириран од Лео Меси, кој постигна два гола за 3:0 победа над Ливерпул во првиот меч од второто полуфинале.
„Што би можел да кажам за Меси што веќе не сум го кажал јас или другите? Тој е еден од боговите на фудбалот. Желбата и капацитетот за борба со топката кажува сè. Секако, ако играме како него, ќе имаме шанса. Но, не како него во тоа што го прави со топката, туку во тоа што го прави без топка. Да покажеме таква желба каква што тој имаше, ќе одиме на финале. Ако не, тогаш немаме шанси. Беше болно да се гледа другото полуфинале и да забележиш дека немавме желба и мотивација како што имаше Меси“, признава Почетино.