Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Дианџело Расел, бил уапсен на аеродромот во Њујорк, откако било утврдено дека поседува одредено количество на марихуана.
Медиумите објавија дека на аеродромот „Ла Гаврдија“, кај Расел била пронајдена марихуана во лименка со безалкохолен пијалок.
„Добивме повик и специјалната единица веднаш реагираше. Во неговата торба е пронајдена марихуана. Обвинет е за поседување на наркотици чија тежина е помала од 50 грама“, се наведува во полициското соопштение.
Клубот се огласи со соопштение дека добиле информација и дека чекаат детали околу случајот. НБА лигата засега молчи, но се претпоставува дека Расел ќе мора да се вклучи во програмата за одвикување.
Според правилата на лигата казна следува откако играч три пати ќе ги прекрши правилата.