Top Sport

Ждрепката ги спои Вардар и Еурофарм во полу-финалето на Купот

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полу-финалните двојки од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

„Фајнл Фор“ турнирот во машка и женска конкуренција ќе се игра во спортската сала „Куманово” во период од 9 до 11 мај.

Полу-финалните натпревари во машка конкуренција ќе се одиграат во петок (10 мај) и ќе започнат од 17:00 и 20:00 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 20:00 часот.

Ждрепката во полу-финалето ги спои бранителот на титулата Вардар и Еурофарм Работник, односно Металург и Бутел, во машка, односно Куманово и Металург, односно Вардар и Стружанка во женска конкуренција.

Куп на Македонија, Мажи

Полуфинале:

10.05.2019 РК Металург – РК Бутел Скопје

10.05.2019 РК Вардар – РК Еурофарм Работник

Финале:

11.05.2019 – 20:00 часот

Полуфиналните натпревари во женска конкуренција ќе се одиграат во четврток (9 мај) и ќе започнат од 17:00 и 20:00 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 16:00 часот.

Куп на Македонија, Жени

Полуфинале:

09.05.2019 ЖРК Куманово – ЖРК Металург

09.05.2019 ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка

Финале:

11.05.2019 – 16:00 часот

извор/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top