Top Sport

Нејмар во 2020 ќе може да се купи за помала цена

Не во овој, туку во преодниот рок во 2020 година, ќе биде активирана откупната клаузула во договорот на Нејмар која изнесува 145 милиони фунти, тврди во денешното издание весникот од Барселона „Мундо Депортиво“.

Бразиелцот, во 2017 година стана најскапиот светски фудбалер, кога за сума од 198 милиони фунти (222 милиони евра) од Барселона се пресели во ПСЖ. Доколу пишувањата на весникот се точни, тогаш тој во 2020 година ќе биде достапен за многу помала сума.

Нејмар речиси цела сезона се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а „Мундо Депортиво“ пишува дека во Мадрид ќе почекаат до јуни 2020 година за евентуално да го реализираат трансферот.

Бразилецот во ПСЖ пристигна за многу пари и требаше да биде клучниот фактор за главната клупска цел, титулата во Лигата на шампионите. Меѓутоа не само што ПСЖ е далеку од остварување на целта, туку Нејмар, изминатите две сезони поради повредата на стапалото пропушти голем број на натпревари.

Напаѓачот настапил на 50 од можните 105 натпревари за ПСЖ.

Во Париз се сомневаат дека Нејмар целосно му е посветен на клубот, особено по инцидентот што го предизвика по мечот со Рен во финалето на Купот, кога нападна еден од противничките навивачи, односно по неговата изјава дека би сакал да игра во ист тим со Еден Азар кој со „една нога“ е веќе во Реал.

Scroll to Top