Водечкиот спортски медиум во Шпанија „Марка“ неодамна покрена интересна анкета во која навивачи од целиот свет имаа можност да ги изберат најдобрите фудбалери. Целта на „Марка“ била навивачите да гласаат за најдобрите играчи во историјата на своите држави.
Најголемо внимание во анкетата привлекло гласањето за најдобрите во Бразил и Аргентина. Во Бразил победиле Роналдо и Роналдињо пред Пеле, а во Аргентина Меси за „влакно“ го победил Марадона.
Победници по држави:
Аргентина: Лионел Меси
Германија: Франц Бекенбауер
Бразил: Роналдо и Роналдињо
Хрватска: Лука Модриќ
Данска: Питер Шмајхел
Чиле: Иван Заморано
Колумбија: Карлос Вадерама
Египет: Мохамед Салах
Шпанија: Чави и Андрес Иниеста
САД: Лендон Донован
Франција: Зинедин Зидан
Италија: Паоло Малдини
Мексико: Уго Санчез
Холандија: Јохан Кројф
Шведска: Златан Ибрахимовиќ
Турција: Хакан Шукур
Уругвај: Диего Форлан
Англија: Боби Чарлтон
Камерун: Самјуел Ето
Мароко: Мустафа Хаџи
Иран: Али Карими