Масимилијано Алегри не може да се помири со фактот дека неговиот Јувентус испадна од Ајакс во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Двата натпревари Ајакс ги доби со вкупен резултат 3:2, во Амстердам беше 1:1, а во реваншот холандскиот првак со доминантна игра победи 2:1.
Алегри со еден свој коментар се обиде да го омаловажи успехот на Ајакс, особено што по првиот меч од полу-финалето и победата во Лондон над Тотенхем (1:0) се пред пласман во финалето.
Тренерот на Јувентус, бил гостин коментатор на телевизијата „Скај“, на натпреварот помеѓу Барселона и Ливерпул. Англискиот тим иако имаше повеќе шанси од Барселона, на крајот загуби со 3:0, а Алегри тоа го споредил со она што му се случи Јувентус против Ајакс.
„Лицата на играчите на Ливерпул покажуваа дека тие не можат да се носат со притисокот и со важноста на натпреварот. Ние на сличен начин испаднавме од Ајакс. Во второто полувреме се исплашивме од можниот пораз, на крајот тоа и ни се случи“, рекол Алегри потенцирајќи дека Ајкас биле миленици на среќата.
„Ајакс е добар тим, но имаат многу среќа. Нас не поминаа бидејќи бевме без петмина играчи, а потоа го победија Тотенхем во чии редови ги немаше двајцата најдобри играчи“.
Ова делува како алиби изјава на Алегри бидејќи од важните играчи тој во двата меча со Ајакс не можеше да смета само на Џорџо Кјелини.
Составот на Јувентус против Ајакс во Амстердам: Шчесни, Кансело, Ругани, Бонучи, Алекс Сандро, Бентакур, Матуиди, Пјаниќ, Бернардески, Манџукиќ, Кристијано Ромалдо
Составот на Јувентус против Ајакс во Торино: Шчесни, Де Шиљо, Ругани, Бонучи, Алекс Сандро, Емре Џан, Пјаниќ, Матуиди, Бернанрдески, Дибала, Кристијано Роналдо