Top Sport

Весели и Калиниќ неизвесни за завршниот турнир во Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче по поразот од банвит 70:78 им ја препуштија лидерската позиција на табелата на ривалите од Анадолу Ефес, но тренерот Жељко Обрадовиќ е соочен со многу поголеми проблеми.

Најтрофејниот европски тренер на прес конференцијата по натпреварот рекол дека настапот на Никола Калиниќ и Јан Весели на завршниот турнир во Евролигата е неизвесен.

„Ова е тежок период за нас. Се обидуваме да се подготвиме на најдобар начин и да ги искористиме играчите што ги имаме на располагање. Ни недостигаат четворица играчи. Не знам каква е ситуацијата со нив. Жофри Ловерњ сигурно нема да биде подготвен за завршниот турнир. Во слична ситуација е Луиџи Датоме. Неизвесни се Никола Калиниќ и Јан Весели“, рекол Обрадовиќ.

На завршниот турнир во Евролигата од 17 до 19 мај во Виторија, Фенербахче во полу-финалето ќе игра против градскиот ривал Анадолу Ефес.

Scroll to Top