Само една победа на последните седум натпревари само ја потврдува констатацијата дека ПСЖ се во голема криза. Екипата на ПСЖ во изминатиот период целиот плен го освои само против Монако. Во 35 коло ПСЖ и Ница одиграа 1:1.
На три кола до крајот ПСЖ се на 85 бода, 17 повеќе од Лил, но играта и резултатите треба да ги загрижат богатите сопственици на овој клуб. Ница со освоениот има 52 се наоѓа на седмото место на табелата.
Ница одигра одлично на „Паркот на Принцовите“, но под водството до кое стигна со голот на Ганаго во финишот на првиот дел, напаѓачите не искористија неколку добри шанси поради што ги стигна казната.
Ди Мрија избори пенал во 60 минута, кој го реализираше Нејмар. ПСЖ имаа можност за победа, откако во 91 минута ВАР-системот им додели пенал, меѓутоа ударот на Кавани го одбрани голманот Бенитез.
Интересно голманот на Ница сезонава одбрани три од петте пенали.