Барселона е вториот тим што избори учество на завршниот турнир во ракометната лига на шампиони. Денес пласман меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите изборија и ракометарите на Веспрем.
Барселона рутински, во реваншот, се справи со Нант, во кој влезе со предност 32:25. Пред своите навивачи Барса забележа победа 29:26.
За Нант играше капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров. Тој против поранешниот клуб постигна три гола.
Инаку најефикасни играчи на натпреварот беа Андерсон (Барселона) и Турна (Нант) со по пет гола.
Утре ќе биде комплетиран спискот на учесниците на завршниот турнир. Реванш натпреварите ќе ги одиграат ПСЖ и Кјлеце, односно Пик Сегед и Вардар.