Еден од клучните играчи на Ливерпул, Мохамед Салах, пред време го заврши натпреварот во Њукасл.
Египѓанецот доби жесток удар, во пределот на главата, од голманот на Њукасл, Мартин Дубравка. Во стартот на словачкиот голман немаше намера, тој тргна да боксува една висока топка, а во тој старт со коленото удри во главата на Салах.
Напаѓачот на Ливерпул на носилки беше изнесен од теренот.
Доколку повредата на Сала е сериозна тоа ќе биде дополнителен удар Ливерпул во пресрет на реваншот со Барселона, во Лигата на шампионите.