Валенсија ја прекина серијата од два порази во Ла лига, откако со 6:2 ја декласираше последнопласираната Уеска на гости, за да остане во игра за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Во неверојатниот меч на „Ел Алкораз“, Валенсија постигна пет гола во првите 40 минути игра за целосна доминација над идниот второлигаш, по што во второто полувреме да зголеми на 6:0, пред домаќините да дадат два гола за намалување на поразот.
Со победата, Валенсија се искачи на петтото место на табелата со 55 поени, исто колку и шестопласираната Севилја и со три помалку од Хетафе во интересната борба за место во ЛШ. До крајот на сезоната има уште две кола.
Уеска, по првата (и засега единствената) сезона во шпанската елита се враќа во втората лига.