Top Sport

Ловрен: Лут сум прерано не отпишувате

Играчот на Ливерпул, Дејан Ловрен, бил лут што пред реваншот со Барселона, многумина го отпишале неговиот тим. Хрватскиот репрезентативец смета дека Ливерпул може да ја стигне предноста на шпанскиот тим од 3:0, потсетувајќи дека во фудбалот се случуваат непланирани работи.

„Ќе покажаме за што сме способни на ‘Енфилд’. Имаме врвни играчи кои знаат како се играат големи натпревари, очекувам така и да одиграме во реваншот. Поради тоа го носиме дресот на Ливерпул“, рекол Ловрен.

Хрватот не играше во Барселона, бидејќи Клоп во последната линија се определи за Ван Дајк и Матип. Тој пред новинарите потенцирал дека воопшо не сака да го ‘гледа’ резултатот од првиот меч.

„Се е можно во Лигата на шампионите особено ако се игра на Енфилд“, заклучил Ловрен.

Ливерпул и Барселона утре ќе го одиграат полу-финалниот реванш со почеток во 21 часот.

Scroll to Top