Кошаркарот на Армани Милано, Мајк Џејмс, ја доби наградата „Алфонсо Форд“ која му се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата..
Американецот оваа сезона ја заврши со просек од 19,8 поени по натпревар. Тој на само еден меч не постигна двоцифрен број на поени, а два пати уфрли преку 30 коша, против Реал Мадрид во 27 коло постигна 35 поени, а во 12 коло мечот против Фенербахче го заврши со 31 поен.
Џејмс е 12 освојувач на наградата „Алфонсо Форд“.
Наградата го носи името на поранешниот играч на Сиена, Олимпијакос и Пезаро, Алфонсо Форд, кој во 2004 година почина од леукемија.
Форд во 2001 и 2002 година беше најдобар стрелец во Евролигата.