Top Sport

„Марка“: Најдобриот во светот мора да игра подобро

Шпанските медиуми на чело со „Марка“, медиум кој не ја крие наклонетоста кон Реал Мадрид, го посочи Лука Модриќ како еден од главните виновници за катастрофалната сезона што ја има клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

Официјално најдобриот светски фудбалер, оваа сезона е далеку од својата препознатлива форма, иако од него сите очекуваа тој да се издвои како водач на тимот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

„Во ниту еден момент не направи разлика. Се очекуваше да биде еден од лидерите, откако минатата сезона му беше фантастична. Меѓутоа на почетокот не беше физички подготвен, се правдаше дека тоа е така поради настапот на Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија, но тој ниту во текот на сезоната не успеа да се врати во форма“, наведува „Марка“, анализирајќи ја сезоната на фудбалерите на Реал.

Инаку, претходно „Марка“ за читателите организираше анкета, во која Хрватот, се најде меѓу играчите што најмногу разочарале, заедно со Рафаел Варан, Марсело и Герет Бејл.

Модриќ сезонава настапил на 44 натпревари и има скромен учинок од четири гола и осум асистенции.

Scroll to Top