Ф1 легендата Кими Раиконен вели дека неговиот син Робин е заинтересиран за тркањето и дека во текот на летото ќе го однесе на картинг за да види дали има талент, иако финскиот возач на Алфа Ромео признава дека е малку разочаран што четиригодишниот син е позаинтересиран за моторите отколку за тркањето.
„Ќе видиме дали ќе остане така. Ова лето ќе го ставам во картинг да видам каков ефект ќе има на него. Со децата навистина не знаеш – еден момент сакаат едно, друг нешто сосема поинаку. Но, што и да посака, јас ќе го поддржам. Дури и да сака да стане танчер, не ми е грижа доколку се забавува. Сè е подобро од седење наоколу без цел и без иднина“, вели Раиконен.
Иако и тој и неговата сопруга Минту се Финци, малиот Робин Раиконен веќе подобро зборува англиски отколку фински.
„Најверојатно е така бидејќи оди во градинка со англиски јазик. Ако останеме во Швајцарија (каде што е седиштетот на Заубер), можеби ќе научи и германски“, вели Раиконен.