За талентот на „феноменот“ Роналдо, оној вистинскиот, бразилскиот, се напишани многу редови текст. Во дресот на Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан тој ги воодушевуваше фановите со својот талент на напаѓач, играјќи со најдобрите европски и светски фудбалери и освојувајќи огромен број на титули.
Но, во интервју од 2011 година, кое сега се „појави“ на Интернет, Роналдо го открива својот најомилен соиграч, и тоа не ниту Кристијан Виери, ниту Зинедин Зидан, ниту некој од бразилската шампионска генерација, туку Белгиецот Лук Нилис.
Водителот не верува на одговорот, но Роналдо објаснува дека додека играл со Нилис во ПСВ Ајндховен со него имал најдобра соработка.
„Секогаш ми асистираше. Секогаш, на секој натпревар. Повеќе отколку Зидан. Не, тој не беше подобар од Зидан, но беше мој партнер. Играше пред противничкиот голман, но не беше себичен“, изјави Роналдо.
Нилис во својата кариера играше за Андерлехт, ПСВ Ајндховен и Астон вила, каде што ја заврши кариерата. Во белгиската репрезентација имаше 56 настапи и даде 10 гола.
[English version below]
Quem foi o maior parceiro de Ronaldo na sua carreira? Descubra deslizando para a esquerda!Who was the best partner of Ronaldo’s career? Discover swiping left! pic.twitter.com/IVd0UtydG0
— ?? PSV ?? (@PSVEindhovenBR) May 3, 2019