Top Sport

Арсен Венгер вторпат ги одбил Фулам

Фулам по вторпат се обидуваат да го убедат Арсен Венгер да го преземе клубот и покрај нивното испаѓање од Премиер лигата, но поранешниот тренер на Арсенал повторно го одбил клубот, јавува „Дејли мејл“.

Венгер, кој си замина од Арсенал по 22 години на чело минатото лето, веќе добил понуда во ноември од клубот од „Крејвен котиџ“, кој потоа го ангажираше Клаудио Раниери (за набргу и него да го отпушти).

На Фулам и покрај тоа што следната сезона ќе играат во Чемпионшип, не му недостасуваат амбиции и според англиските медиуми тие ќе се обидат да донесат големо име на клупата, иако во моментов на чело е Скот Паркер како „привремено решение“, откако во февруари тој го замени Раниери.

Scroll to Top