Усман Дембеле поради повреда вечерва нема да биде во составот на Барселона на натпреварот со Ливерпул. Францускиот репрезентативец се повреди, во саботата, на гостувањето во Виго. Тоа беше негова шеста повреда од 2017 година кога од Дортмунд за 105 милиони евра пристигна во Барселона.
Звичи неверојатно, но Дембеле против Селта се повреди по само 25 секунди, а теренот го напушти во петтата минута. Според првите проценки тој ќе отсуствува околу две недели.
Шпанските медиуми го споредуваат Дембеле со играчот на Реал Герет Бејл, кој исто така пропушти многу натпревари поради разни повреди.
Статистиката вели дека Дембеле за две сезони пропуштил 36 натпревари на Барселона. Не се однесува според правилата и поради тоа често е повреден, сметаат медиумите, посочувајќи дека во клубот од почетокот на сезоната се обидуваат да му ги сменат навиките.